Седлоски: Не смее да има опуштање, очекувам Вардар да го даде максимумот!

91

СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски

Вардар е на чекор до пласман во следната фаза во квалификациите во Лигата на Конференции. Утре против Ла Фиорита тргнува со предност од 3:0 од првиот меч во Скопје.

Секако дека тоа е голема предност, но уште ништо не е готово. Тоа го кажа вечерва во пресрет на утрешниот реванш и стратегиот Гоце Седлоски:

Како прво уште по завршување на првата средба во Скопје, по тие 3:0, им кажав на играчите дека нема опуштање. Знаеме што се случува, какви се квалитетни екипи испаѓаат. Предноста е таа, ние знаеме зошто сме дојдени овде, да си го направиме своето. Тој резултат од 3:0 не треба да не залажува. Треба да влеземе на терен да одиграме наша игра. Иако сме ослабени, без три – четири важни играчи како Најдовски, Фустин, Талевски, но сепак тие кои што ќе излезат на терен очекувам да го дадат максимумот.Не потценуваме никого, напротив спремни сме да го засилиме ритамот и темпо на овој натпревар. Она што беше во Скопје е зад нас, утре во реваншот влегуваме како да е 0:0“ заврши Седлоски.

ПретходноИ дефинитивно без Талевски против Ла Фиорита!
СледноОдржан официјалниот тренинг: Вардар во Сан Марино по заверка на пласманот во второто коло!(ФОТОГАЛЕРИЈА)