Веќе и дефинитивно се знае дека Шкендија во рамките на 2.квалификациско коло во ЛШ против ФЦСБ или Стеауа, во вторник ќе игра дома, а на 22 јули во реваншот во Букурешт, ќе му гостува на романскиот гигант, на 30 јули.
Инаку медиумите во Романија испратија силни критики за настапот на ФЦСБ синоќа во Андора, во реваншот кај тимот на Ескалдес каде романската гордост беше поразена со 2:1. И само благодарение на победата дома од 3:1, клубот на контроверзниот сопственик Џиџи Бекали, се пласираше во следната фаза и си закажа двомеч со нашиот шампион.
Исто така се пренесува изјавата на Бекали, а во незје покрај другото се напоменува како е тој крајно разочарам по тој срамен пораз и најави дека некои играчи од тимот ќе добијат “шут – карта“, како Мариуш Стефанеску на пример.
Секако дека лошата атмосфера во тимот и во клубот на ФЦСБ и тоа како добро ќе и дојде на Шкендија на тие два меча во ЛШ.