Flex Credit, викендов го прослави својот петти јубилеј во Македонија со годишна конференција во Струга под слоганот „Признаваме – не можеме без вас“, посветен на сите вработени.
На настанот учествуваа вработените од сите компании во групацијата, кои денес бројат преку 380 членови низ Македонија. Гости беа и колегите од Босна, Црна Гора, Романија и Бугарија, земји каде Flex Credit има компании што ја споделуваат истата визија и се посветени на обезбедување потрошувачки кредити на клиентите.
Во рамките на настанот беа презентирани финансиските и трговските резултати за првата половина од годината, кои се покажаа поголеми од предвидувањата.
Покрај презентацијата на деловните резултати, специјален сегмент беше посветен на тимот: доделени беа награди на вработените кои ја прославуваат петгодишнината заедно со компанијата, како и признанија за оние кои постигнаа извонредни резултати во првата половина од 2025 година.
Flex Credit, заедно со подбрендот Земи Пари и Flex Broker, брокерско друштво кое преку партнерства со водечките осигурителни компании обезбедува врвни осигурителни решенија – континуирано ги зајакнува своите финансиски технологии. Со јасна стратегија за развој на нови услуги преку Flex Pay, компанијата ја гледа иднината како можност да го консолидира своето лидерство во финансискиот сектор и да остане сигурен партнер на граѓаните и бизнисите во Македонија.