Крос околу Јамал и неговата забава: Фудбалската кариера е маратон, ќе видиме како ќе реагира понатаму….

133
ФОТО CROSS YAHOO X

Ламин Јамал го прослави својот 18. роденден со ретко видена забава за која што присутните очигледно вечно ќе се сеќаваат. телефоните на забавата беа забранети, видео запис можеби некогаш и ќе се појави со дозвола на самиот Јамал, но јавноста наголемо го критикува играчот на Барселона за начинот на кој што сето тоа го изведе.

Имено, на самата забава имало девојки кои што биле плаќани по дваесетина илјади евра за присуство, а тоа е само моментот кој е познат. А она што не е познато….

Сево ова не остана искоментирано и од легендата Тони Крос, кој што е олицетворение на професионализам. Германската икона со доза на критика кон младиот но очигледно сеуште незрел Јамал.

„Секогаш велам дека кариерата е еден вид на маратон. Ќе видиме што ќе се случува со негов во следните пет до десет години и како ќе се одвива неговата кариера. Како ќе реагира на нештата кои доаѓаат вон фудбалот. Успехот не доаѓа само до фудбалскиот терен. Има многу нешта кои влијаат на него“ – рече Крос.

 

ПретходноЧелзи повторно ќе тргне во Гарначо
СледноЛуиз Диас летово дефинитивно ќе го напушти Ливерпул