Бура на Јадранот: Партизан се заканил со повлекување од АБА-лига

200
Фото: Партизан/Фејсбук

АБА лига во следната сезона ќе има 18 клубови, а новитет се претставници од Австрија и Романија, Виена и Клуж. Во следната сезона нема да имаме можност да ги гледаме Цибона и Морнар, тимовите кои се повлекоа од натпреварувањето. Прво беше објавено дека нема да има дебата за клубовите од Хрватска и Црна Гора, но на дневен ред беше доброволно гласање, објави Sport klub.

Според неофицијални извори претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, најавил повлекување доколку не се почитуваат одлуките од претходниот состанок, а тоа е дека Цибона и Морнар нема да учествуваат во АБА лигата.

Ѓорѓе Павичевиќ изјавил дека неговиот тим ќе се повлече од натпреварувањето поради интересите на АБА лигата и ќе игра во АБА 2 натпреварувањето, а заедно со клубот од Црна Гора, се чини дека и Цибона ќе се натпреварува во истата лига.

ПретходноКомерцијална банка е нов генерален спонзор на КФСМ
СледноМодриќ откри зошто го одбил Динамо Загреб