Нашиот шампион успешно ја мина првата пречка во квалификациите во Лигата на Шампионите. Со вкупни 2:1, Шкендија го елиминира ТНС од Велс и со тоа си закажа двомеч во 2.квалификациско коло во ЛШ и тоа против некогашниот европски првак, тимот на Стеауа или по ново ФЦСБ.
УЕФА веќе ги одреди термините за оваа пресметка за шампионот на Романија.
Па така првиот меч се игра на 22 јули (вторник) од 20 часот на Арената “Тодор Проски“ во Скопје. Реваншот се игра на 30 јули (среда) и тоа од 19:30 часот на стадионот “Стеауа“ во Букурешт.
Како што информираат од таборот на нашиот претстаник во ЛШ, наскоро ќе се пуштат во продажба билетите за првата средба, која се игра на свој терен против некогашниот европски првак.