Само што направи трејд во Хјустон, Дурант го оперирал палецот

49
фото: KNAWTNINE (X)

Откако неодамна пристигна во Хјустон Рокетс преку најголемата размена во историјата на НБА лигата во која учествуваа седум тима, Кевин Дурант сега пријави дека е опериран.

Според Крис Болдвин од „Пејпер Сити Магазин“, Дурант имал операција на палецот на левата рака и станува збор за мала хируршка процедура. Лекарите на Хјустон Рокетс ја надгледувале операцијата и никој не е загрижен за споменатата ситуација, што значи дека сè поминало во најдобар ред.

Дурант имаше проблеми со таа повреда цела сезона и често носеше протеза на левата рака, па се чини дека проблемот е решен со оваа процедура.

Почетокот на подготовките за сезоната 2025/26 во НБА е закажан за околу 1 октомври, што значи дека Кевин Дурант има уште речиси три месеци за целосно закрепнување.

ПретходноВест Хем потпиша со репрезентативец од Сенегал
СледноЈувентус има нов технички директор