Челзи повторно ќе тргне во Гарначо

83
fc manchester united facebook

Судбината на еден од најголемите фудбалски таленти во светот, аргентинецот Гарначо, за кого нема иднина во Манчестер Јунајтед, летово допрва треба да биде решена.

Тој отворено кажал во клубот дека нема намера да остане таму, а и Јунајтед нема некоја преголема желба за да го задржи.

Токму затоа, деновиве, менаџерскиот тим на аргентинецот напорно работи за да му пронајде нов клуб, што со оглед на неговите примања и статусот кој што го посакува воопшто не е едноставно.

Челзи е екипата која што сакаше да го доведе Гарначо уште во јануарскиот преоден рок. Сега, ситуацијата е далеку појасна и клубот од Лондон поинтензивно ќе тргне во таа насока.

Челзи веќе го засили својот напад ова лето со доаѓањето на Лиам Делап, Жоао Педро и Џејми Гитенс, но Енцо Мареска сè уште е заинтересиран да додаде повеќе напаѓачи. Нони Мадуеке е блиску до трансфер во Арсенал, а „сините“ се надеваат дека ќе ги продадат и Кристофер Нкунку, Жоао Феликс и Рахим Стерлинг. Доколку си заминат, ќе има простор за повеќе потписи, а парите би можеле да се инвестираат во Гарначо.

ПретходноВардар може, Вардар сака, Вардар заслужува….(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКрос околу Јамал и неговата забава: Фудбалската кариера е маратон, ќе видиме како ќе реагира понатаму….