Азер Омерагиќ: Искрен да бидам не очекував ваков резултат!

849

СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски

Вардар вечерва во Сан Марино, на реваншот со Ла Фиорита одигра 2:2 и со тоа успеа да се пласира во следното коло во Лигата на Конференции. Малку недостигаше, веројатно секунди нашиот најтрофеен клуб да победи и вечерва, но примениот гол за 2:2 одлучи оваа средба да заврши без победник, но со вкупни 5:2, Вардар оди натаму.

По мечот свој коментар имаше напаѓачот Азер Омерагиќ, кој и вечерва како и на првиот меч во Скопје успеа да постигне гол:

Искрен да бидам не очекував ваков резултат, одевме на победа, но тоа е фудбалот. Кога ќе влезеш малку поопуштено,така е. Противникот го имаше поседот, потоа ние почнавме да напаѓаме, направивме некои измени. За тоа што се случува во првите полувремиња и на двата меча, немам конкретен одговор за тоа. Само ќе кажам дека тоа е фудбал. Некогаш оди, некогаш не оди. За тоа разговаравме и во соблекувалната, тоа мора што побргу да се реши, да се поправи тоа. Имаме самодоверба и сега ќе одиме со Лозана уште поенергично. Пристапот за следниот меч со Лозана ќе биде како и секогаш. Вардар си е Вардар, секогаш оди на победа. Сега сеуште рано да говориме за двомечот со Лозана“ изјави Омерагиќ.

ПретходноДали е ова крај на сагата? Наполи и Галата во завршни преговори за Осимен!
СледноЕдиз Спахиу: Најважно е да извлечеме поука од вечерашниот меч!