Бојан Маркоски: Ова беше убава лекција за сите нас! Подобриот тим оди натаму!

325

Работнички и во реваншот беше поразен од Торпедо Белаз денеска во Скопје и тоа со 0:1. Па така со вкупни 0:4 е елиминиран уште во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Еве што кажа тренерот на Работнички, Бојан Маркоски по средбата денеска:

Честитки за екипата на Торпедо Белаз. Се покажа дека подобриот тим оди понатаму. Беа подобар и поискусен тим, се гледа дека се во натпреварувачка форма. Ние уште ја бараме нашата натпреварувачка форма пред стартот на сезоната. Имаме доста потенцијал, но треба уште многу работа. Ова ни беше добро искуство и добра поукаи лекција за сите“.

ПретходноИ 4:0 малку им беа: Вечерва Европа го виде еден од најголемите пресврти во историјата!
СледноВардар ремизираше за пласман во второ коло и двомеч со Лозана (ВИДЕО)