Вардар има една цел, уште една победа во Европа

181

 

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Одамна екипата на Вардар немала пред себе предизвик наречен европско гостување. Одамна Вардар не бил фаворит во еден ваков двобој. Во прво квалификациско коло во кое реалноста е следна. Вардар во Сан Марино против Ла Фиорита донесе предност од 3:0 од Скопје, а вечерва од 21:00 часот треба само да ги „одработи“ вторите деведесет минути.

Но на начин кој што му доликува, кој што е на неговото ниво, и кој што едноставно го личи. Со агресивна, пожртвувана, сконцентрирана и квалитетна игра. Во која противникот час поскоро ќе биде скршен и задачата ќе биде обавена.

Таков Вардар вечерва треба да видиме на најголемиот фудбалски објект во Сан Марино. Малата држава во која фудбалот е споредна работа во секоја смисла на зборот. Но не и за нас. За нас е најважната. Најважна е победата и пласманот понатаму.

Лозана чека во второто коло

Тренерот Гоце Седлоски едноставно „забрани“ што се вели да биде спомената екипата на Лозана, евентуалниот противник на Вардар во второто коло. Концентрацијата е на Ла Фиорита се до некаде 23:00 часот вечерва, кога би требало да заврши дуелот во Сан Марино. Со оние расположливи сили кои Вардар ги има во моментов, без Фустин, Талески, Најдоски…. но со голема доза на мотивација, концентрација и капацитет да се даде се од себе. Вардар има во себе нешто што го нема никој друг. А тоа е товарот на најтрофејниот, товарот на тој „црвено – црн“ дрес, товарот на илјадници навивачи, скопјани, вардарци.

Во името на сите нив вечерва… победа и ништо друго.

ПретходноМинистерството за спорт ќе реализира 544 милиони денари инвестиција во спортска инфраструктура
СледноЛејкерси спремаат нова „бомба“, сакаат да ги спојат Дончиќ и Јокиќ