И кратовци елиминирани: Силекс и по 30 години не знае што е пласман во следно коло во Европа (ФОТО)

394

Бадијала победата од 2:1 вечерва на стадионот на ФФМ во реваншот од 1.квалификациско коло протов Дечиќ, кога Силекс е елиминиран уште на стартот во Лигата на Конференции.

Традицијата продолжува, имено Силекс и по 30 години не знае што е пласман во следно коло во Европа.No description available.

Силекс веројатно можеше и повеќе, но сепак тоа е тоа. Дечиќ поведе уште во 3.минута со голот на Стриковиќ. Кратовци се вратија во игра со головите на Алиќ во првото и Хрвановиќ во второто полувреме, но тоа беше премалку па така тимот од Црна Гора со вкупни 2:3 оди понатаму.

И уште на почетокот шок на стадионот на ФФМ во Скопје. Гостите од Црна Гора преку Стриковиќ во 3.минута стрелаше за 0:1, за вкупни 0:3. Секако дека не им беше лесно на кратовци да го продолжат натпреварот, но тие со сите сили тргнаа одлучно во офанзива. На другата страна исто Стриковиќ имаше голема шанса за 0:2, но за среќа на кратовци немаше гол.

Се играше 28.минута кога Алиќ, на голема радост на домашните фанови успеа да постигне гол за израмнување. Секако дека сега се им беше полесно на момците на стратегорт Александар Васоски кои во самиот финиш постигнаа уште еден гол за 2:1, но судијата од Белорусија од неразбирливи причини го поништи тој гол на Говедарица. По ова кратовци и тоа како жестоко реагираа, но останаа тие 1:1 со кои се замина на пауза.No description available.

Во второто полувреме Силекс беше поагресивен, тргна кон голот на гостите, но во раната фаза на ова полувреме сепак немаше промена на резултатот.

Во 61.минута малку недостигаше за водство на Силекс и тоа по шутот на Донов, но пречката на гостите од Црна Гора ја спречија радоста за кратовци. Штета.

И тогаш гол и водство на Силекс и голема радост на трибините на стадонот на ФФМ. Хрвановиќ најдобро се снајде пред гостинскиот гол за 2:1. На кратовци им недостига уште еден гол за продолженија.

Во последните минути Силекс тргна со сите сили во напад, се закануваше, но сепак немаше гол за победа од два разлика колку што беше потребна за продолженија.

Па така Силекс се прости од Европа а Дечиќ ќе игра во следната фаза против Рапид Виена.

1.квалификациско коло во ЛК – реванш (прв меч 0:2)

СИЛЕКС – ДЕЧИЌ 2:1 (1:1)

Стадион на ФФМ во Скопје. Судија: Виктар Шимушик (Белорусија). Стрелци: Алиќ 28., Хрвановиќ 80. (СИЛ), Стриковиќ 3. (ДЕЧ).

СИЛЕКС: Љ. Џеков, Тимовски (50. Рајков), Николиќ (72. Велиновски), Ѓ. Џеков, Ефттимов, Донов (63.Пирес), Анѓелески, Хрвановиќ, Говедарица, Додев, Алиќ.

ДЕЧИЌ: Никиќ, Дрешај, Ујкај, Томашевиќ, Џелај, Бајовиќ, Божановиќ (22. Љуљундирај), Радусиновиќ (46,Ндиај), Секуловиќ, Стриковиќ(72. Селими), Голубовиќ.

ПретходноЗаврши рекордната серија на Лионел Меси
СледноФото на денот:Тренерот на Работнички по елиминацијата од Европа!