Да.Ни Ч од чудо од Работнички попладнево, барем во првото полувреме на реваншот со Торпедо Белаз на Арената во Скопје. Водство на гостите од 0:1 со голот на Алфред во 15.минута, иако претходно гостите од Белорусија имаа уште две големи шанси.
Сепак на пауза се замина со 0:1, значи со вкупни 0:4. Ова значи дека на Работнички му останува само уште едно полувреме колку толку да го поправи впечатокот зошто она што го одиграа во првиот дел момците на стратегот Бојан Маркоски, може да се оцени како исклучително слабо.
Едноставно овој Работнички е немоќен против тимот од Белорусија.