Вардар губи на полувреме во Сан Марино (ВИДЕО)

401

СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски

 

Екипата на Вардар лошо го започна вториот меч од првото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Ла Фиорита во Сан Марино.

На полувреме губи со 1:0 откако во десеттата минута Жоао Фелипе реализираше најстрога казна.

Истата беше резултат на играњето со рака на Ненад Мишковски токму во дуелот со Фелипе.

Вардар својата најголема шанса ја имаше во 42. минута од мечот, откако по добрата акција од лево, топката стигна до Закариќ кој со лева ја погоди гредата од голот на Мусиани.

Вардар и натаму има сериозна предност од првиот меч кога во Скопје на Арената Тодор Проески со головите на Омерагиќ, Јанкулов и Мато победи со 3:0. Има уште цело полувреме Вардар да се консолидира, и да дојде до поволен резултат на овој меч.

ПретходноШкупи се засили со некогашен член на академијата на Спортинг! (ФОТО)
СледноИ 4:0 малку им беа: Вечерва Европа го виде еден од најголемите пресврти во историјата!