Илиевски дополнително ги повика Ташовски и Стојановски

99

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска ќе биде во Гевгелија каде ќе продолжи да се подготвува за претквалификациските мечеви за СП 2027 година. Предводникот на нашиот национален тим, Марјан Илиевски за овој циклус се соочи со бројни откажувања од страна на стандардни репрезентативци.

Македонија против Романија и Унгарија во претквалификациите ќе настапи подмладена, а од првичниот список, Илиевски направи промени, одлучи дополнително да ги повика Виктор Ташовски и Тома Стојановски.

Репрезентацијата наскоро ќе биде комплетна, први ќе се приклучат Адем Мекиќ и Теодор Симиќ, додека на 23 јули ќе пристигнат Андреј Јакимовски и Џејкоб Вајли.

Пред стартот на претквалификациите, Македонија ќе одигра два контролни меча во Гевгелија, за противник ќе ја има селекцијата на Швајцарија.

ПретходноМаневски: Меч на високо ниво за нова победа на Вардар
СледноХит Горица паднала на денешен ден, 17. јули е таличен за Вардар на гости