Кратовци со порака: Сакаме и можеме до убедлива победа против Дечиќ за пласман во следната рунда!

108
ФОТО: FC Decic/FB

Дали денеска е денот кога по цели 30 години, од таа 1995 и двомечот со ВАЦ, Силекс ќе успее конечно да успее да оствари пласман во следно коло во едно европско натпреварување?

Одговорот на ова прашање ќе го имаме околу 21 часот или нешто подоцна.

Имено Силекс вечерва од 19 часот на стадионот на ФФМ во Скопје го дочекува Дечиќ од Црна Гора, во реванш средба од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Интересно. Иако од првиот меч кратовци имаат негатива од 0:2, вчера на пресот тренерот Александар Васоски и капитенот Дарко Анѓелески во неколку наврати истакнаа дека веруваат во убедлива победа, дека Силекс е поквалитетен тим од Дечиќ и дека Силекс може да дојде до убедлива победа и пласман понатаму.

Секако дека ако биде така тоа ќе биде успех не само за Силекс туку и за мак – фудбалот. Но, ако биде така, а факт е дека тимот од Црна Гора и не е баш така наивен тим. Клубот од Тузи има доволно европско искуство и квалитет, но сепак Силекс игра пред своите фанови, очекува победа и според Васоски, иако тој во неколку наврати посочи дека има голем респект за противникот, може да дојде до убедлива победа.

Од таборот на Дечиќ сметаат дека и покрај предноста од 2:0, ништо уште не е готово и дека треба да се даде максимумот ако се сака пласман во следната фаза.

Инаку победникот од овој двомеч во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе оди на мегдан со Рапид Виена од Австрија.

И на крај да кажеме дека судија вечерва на стадионот на ФФМ ќе биде Виктар Шимушик од Белорусија.

ПретходноРаботнички го пречекува Торпедо Белаз: Чуда се случуваат, ама…
СледноВардар 1961 во вториот шешир , Алкалоид во третиот пред ждрепката за Европската лига