Маневски: Меч на високо ниво за нова победа на Вардар

98

 

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Дојде денот кога Вардар ќе треба да го одигра реванш дуелот од првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.

Среде Италија, во малата држава која е позната по се само не по фудбал, Вардар веќе три дена престојува и се подготвува за она што реално треба да е рутина. „Црвено – црниот“ состав има капацитет да го одработи овој реванш дуел на терен, да го спроведе она што тренерот Гоце Седлоски го сака и планира, и да оствари пласман во второто коло.

Предноста од 3:0 од Скопје, донесена во Сан Марино треба да е доволна. Сепак, плановите пред меч, и за време на него не секогаш се поклопуваат, па максималната посветеност, залагање и перфектни деведесет минтуи вечерва од 21:00 на стадионот во Сан Марино се обврска, должност и потреба.

„Атмосферата во тимот е на високо ниво. По првиот меч дополнително го запознавме противникот. Не смееме да го потцениме противникот, верувам дека ќе одиграме на исто ниво и ќе стигнеме до нова победа. Мислам дека резултатот од 3:0 ни носи добра залиха, со свесни сме дека нема потценување на никого и мора да одиграме на високо ниво за да ка завршиме работата тука во Сан Марино со уште една победа“ – изјави Михаил Маневски, левиот бек на Вардар, од кого вечерва се очекуваат остварување на дефанзивните но и офинзивните задачи, како и на секој во „црвено – црниот“ дрес.

ПретходноАко го мине ФЦСБ: Шкендија во 3.коло може да налета на Ц. Звезда!
СледноИлиевски дополнително ги повика Ташовски и Стојановски