Македонската женска младинска репрезентација запиша пораз од Швајцарија на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора.
Нашите ракометарки овој пат беа совладани од Швајцарија со 33-23. Ова значи дека Македонија ќе игра за пласман од 21 до 24 место.
Голманката Гошевска беше одлична со 15 интервенции, по четири гола запишаа Конеска и Тодоровска.
Дуелот беше решен после првото полувреме по кое нашата репрезентација имаше негатива од 17-10. Македонија на овој меч поведе само еднаш, на стартот со 0-1, преостанатиот дел мина во знакот на Швајцарија.
Противник во претпоследниот меч ќе биде поразениот од Словенија и Португалија.