Она што утринава “СпортСпорт“ го најави, попладнево е и официјално. Младиот играч за врска Кристијан Ѓорѓиевски (18) е најновото засилување во тимот на Тиквеш. Со ова кавадарчани покажуваат дека сакаат да доведат и млади сили и тоа квалитетни во своите редови, а не само искусни играчи.
Ѓорѓиевски во минатата сезона беше дел од тимот на Гостивар, претходно и на Македонија ЃП а е младински репрезентативец на Македонија до 18 и 19 години.
Кога сме кај Тиквеш да кажеме дека фудбалерите на кавадаречкиот клуб се веќе во Болу (Турција) каде веќе почнаа со тренинзи и одработување на главната фаза во текот на овие подготовки.