Работнички го пречекува Торпедо Белаз: Чуда се случуваат, ама…

103
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

Попладнево од 18 часот, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Работнички го игра реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции протов составот на Торпедо Белаз од Белорусија.

Тимот од Градски парк е пред голем предизвик. Од првиот меч, кој се одигра во Унгарија, има негатива од 0:3 и ќе биде пеколно тешко против еден така добар тим како Торпедо Белаз да се стигне таа разлика и да се помине во следното коло каде за ривал би го имал тимот на Макаби Хаифа од Израел.

Вчера на пресот тренерот Бојан Маркоски и капитенот Бесир Демири посочија дека не само тие двајца туку и сите во клубот веруваат во чудо.

Секако дека во фудбалот тие чуда се можни, се случуваат, ама и тие 0:3 се големи, но од друга страна и не можеме и не смееме да им ја одземеме надежта на „романтичарите“ да веруваат во себе.

Фудбал е ова, ако во раната фаза од попладневниот реванш Работнички постигне еден гол, секако дека во продолжение се е можно, па и сензација, па и чудо.

Факт е дека овој тим на Работнички не е истиот од оној во минатата сезона кога заврши како трет во ПМФЛ. Ова е прво излегување на Работнички во Европа по цели седум години. На првиот меч убедливиот пораз дојде и како резултат на невоиграноста на тимот, секако и на неискуството.

Маркоски и Демири посочија дека грешките се воочени, анализите се направени, тимот има план како да се дојде до резултат кој ќе му одговара.

Па, нека биде така. Па нека има чудо.

Да потсетиме дека на овој меч главен судија ќе биде Јон Орлиц од Молдавија.

ПретходноСтојановски: Верувам во нас, имаме селектор кој знае како да го извлече максимумот
СледноКратовци со порака: Сакаме и можеме до убедлива победа против Дечиќ за пласман во следната рунда!