Работнички – Торпедо Белаз 0:1 е исходот од реванш мечот на Арената во Скопје доцна попладнево, во меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Стрелец на голот беше Алфред во 15.минута.
Ова значи дека тимот од Градски парк со вкупни 0:4 кусо се задржа во Европа, само едно коло, поточно е елиминиран уште на стартот во Европа.
Очекувано ако се знае како беше на првиот меч, ако се знае со каков тим денеска, но и на првиот меч, истрча Работнички. Овој Работнички ни од далеку не е оној кој што пред една деценија играше во два наврати во плеј – офот во Лигата на Европа.
Уште на почетокот се виде во кој правец ќе оди овој натпревар. Место Работнички да нападне, ако се знае дека имаше негатива од 0:3 од првиот меч, гостите веднаш ставија до знаење кој е кој. И уште во првите минути имаше добри акции, а Орехов прв се закани во таа 14.минута, сепак голот и водството дојде следниот напад кога Алфред непречен од никого со убав шут со глава донесе водство за гостите од 0:1. И по голот Торпедо ги дикрираше настаните на теренот, а Работнички дури во последните последната фаза од првиот дел се ослободи од притисокот и упати една закана преку Калани Алмеида, сепак на пауза се замина со тие 0:1 или севкупни 0:4.
На почетокот на второто полувреме имаше неколку измени тоа во двете екипи, но ништо ново од Работнчки.
Во 57.минута можеше да дојде до удвојување на водството на гостите, Камара шутираше, но Василев прекрасно одбрани.
Во продолжение од мечот во Скопје, со оглед дека се беше дефинитивно готово, Торпедо во манир на далеку поквалитетен тим, ги контролираше настаните натеренот, но премногу не се напрегаше, како рутински да ги одработуваше минутите.
Тоа го искористи Работнички, па конечно почна нешто да игра тимот на стратегот Бојан Маркоски.
Потоа Маркоски им даде шанса на неколку свои помлади играчи со цел да почувствуваат како е да се игра европски натпревар.
Така и треба. Овој Работнички мора и треба да се сврти кон младите и своите големи таленти, како што и досега го правеше.
Само така и никако поинаку.
1.квалификациско коло ЛК – реванш (прв меч 0:3)
РАБОТНИЧКИ – ТОРПЕДО БЕЛАЗ 0:1 (0:1)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Јон Орлиц (Молдавија). Стрелци: Алфред 15.(ТОР).
РАБОТНИЧКИ: Василев, Димитриевски (46. Адем), Велкоски, Велиќ, Асани, Ангелов, Хоџа (55. Елези) Демири, Кадриу (46. Бошњаков), Калани (68. Никловски), Делеи (75. Манојлов).
ТОРПЕДО БЕЛАЗ: Малашитски, Нехаев, Политевич (22. Глушченков), Премудров, Мелко, Бутаревич (46. Чарујев), Селајава, Седко (55. Побудеи), Орехов (75. Скавиш), Камара (55. Дантас), Алфред.