Екипата на Тиквеш е веќе во Турција, каде што ќе го одработи главниот дел од подготовките летово. Тренерот Ѓорѓи Мојсов ја поведе четата во најважниот дел од работата ова лето, со желба и намера овие подготовки да бидат претходница на нешто квалитетно следната ПМФЛ сезона.
Новите сопственици на Тиквеш, сериозно се зафатија со планот да го подигнат клубот на едно сосема поинакво ниво, а тоа нормално бара пред се квалитетни подготовки.
Кавадарчани со себе во Турција, ги понесоа сите свои нови засилувања, а тука пред се се мисли и на 18. годишниот Кристијан Ѓорѓиевски екс играчот на Гостивар и У18 младински репрезентативец на Македонија. Тој е најновата аквизиција на Кавадарчани, кои го доведоа играчот за врска како големо засилување во доменот на У21 играч за претстојната ПМФЛ сезона.