Штутгарт ја одби понудата на Баерн од 50 милиони евра

40
Фото: https://www.instagram.com/bayernbrasileiro/?hl=en&e=16560f36-4a5e-426d-9dfb-1c371c023474&g=5

Раководството на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Понудата на Баварците изнесува 50 милиони евра, вклучувајќи уште 5 милиони бонуси и 10% од секоја идна продажба на напаѓачот.

„Не преговараме. Ник ќе остане со нас следната сезона. Не сакаме да се разделиме од него. Не очекувајте да наведам точна цена за која би го ослободиле“, изјави извршниот директор на Штутгарт, Александар Верле.

Сепак, според голем број германски медиуми, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а раководството на Штутгарт ќе биде подготвено да ја продаде својата голема ѕвезда за 65 милиони евра.

Волтемаде постигна 12 гола во Бундеслигата минатата сезона, а потоа настапи многу силно на Европското младинско првенство, каде што стана најдобар стрелец.

ПретходноМиленкоски: Имаме јасна цел – ЕП, тоа треба да ни биде мотив секој ден и на секој тренинг!
СледноСо вкупни 0:4 Работнички брзо се прости од Европа! (ФОТО)