Ако го мине ФЦСБ: Шкендија во 3.коло може да налета на Ц. Звезда!

444

Во понеделник (21 јули) во Нион ќе се одржи ждрепката за 3.коло во квалификациите во ЛШ, ЛЕ и ЛК.

Досега официјално само Шкендија од нашите клубови се пласираше во втората рунда и таа ќе биде на ждрепката. Се очекува тоа да го стори денеска и Вардар, а Силекс и Работнички ќе имаат пеколно тешка задача на денешните реванши, иако јасно е дека сакаме и тие да се пласираат во следната рунда.

Шкендија во 2.квалификациско коло во ЛШ за ривал го има ФЦСБ или Стеауа по старо, некогашниот европски првак, кој на стартот едвај мина против тимот од Андора.

Во случај ако Шкендија успее да го елиминира шампионот на Романија тогаш во 3.квалификациско коло во ЛШ ќе има и тоа како атрактивен ривал, еден од тие е Црвена Звезда. Уф, каков меч во Скопје тоа би бил, секако за полна Арена.

Покрај српскиот шампион, за Шкендија евентуални противници во тоа коло се и Копенхаген, Ференцварош, Макаби Тел-Авив, Карабах и Слован. Се разбира дека и овие екипи мора да ги минат своите пречки како Шкендија во втората рунда.

Во случај Шкендија да испадне од ФЦСБ тогаш во понеделник ќе го дознае противникот од 3.коло во Лигата на Европа.

ПретходноНејмар е херој на долгоочекуваното деби во Сантос (ВИДЕО)
СледноМаневски: Меч на високо ниво за нова победа на Вардар