СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски
Иако Вардар се пласираше во следната рунда, немаше преголема еуфорија кај играчите на нашиот најтрофеен клуб. Секако дека имаше задоволство, Вардар оди натаму, Вардар си закажа двомеч со Лозана, но и тие се свесни дека овој тим може и подобро од тоа што го пружи вечерва во Сан Марино и тие 2:2 со Ла Фиорита.
Еве што кажа Едиз Спахиу:
“Почнавме тешко, знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар. Сакавме да победиме, но не успеавме. Имавме шанси и тие шанси сакавме да ги користиме. Вечерва игравме на гости, секој таков меч е тежок за играње. Треба повеќе да се фокусираме на натпреварите за да победиме. Мораме шансите да ги користиме. Ќе се подготвиме за мечевите со Лозана, мислам дека екипата ќе биде максимално подготвена за тие средби. Мислам исто така дека од грешките вечерва ќе извлечеме поука“истакна Спахиу.