Машката сениорска репрезентација на Македонија од денеска е во Гевгелија, каде ќе ги продолжи подготовките за настапите во втората фаза од претквалификациите за Светскито Куп 2027 година во Катар.
Непосредно пред заминувањето за југот на нашата земја, селекторот на сениорите, Марјан Илиевски се соочи со персонален проблем.
На последниот тренинг одработен во СРЦ „Кале “ во Скопје, Марин Петков се пожали на стомачни болки, поради што беше испратен на дополнителни лекарски прегледи.
Поради тоа дополнителен повик селекторот Илиевски упати кон Виктор Ташовски кој треба да ја пополни бековската позиција во нашата сениорска селекција.
Покрај Ташовски, во наредниот период од подготовките, кои ќе бидат реализирани во Гевгелија, со „црвено-жолтите“ ќе биде и неговиот тимски колега од екипата на ТФТ, Тома Стојаноски.
Поранешниот младински репрезентативец ќе ја засили онаа „внатрешна позиција“ во ростерот, кој во наредните неколу дена треба да биде засилен со приклучувањето на Адем Мекиќ, Теодор Симиќ и Џејкоб Вајли, а во наредната недела е планирано и доаѓањето на Андреј Јакимовски.