Лука Савичевиќ му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски, ќе биде во конкуренција за место во тимот кој ќе ја игра втората претквалификациска фаза за пласман на Мундобаскетот во 2027 година.
Тој ги сподели своите очекувања за четирите дуели од групата против Унгарија и Романија.
„Скоро сите меѓу нас, се познаваме доста добро, долги години сме заедно. И мислам дека, вака, како помлади, сите треба да дадеме се од себе, да ја покажеме желбата, и борба за Македонија, ќе видиме што ќе направиме.
Сметам дека оваа репрезентација има голем потенцијал, еве има и промена на генерации, нови тренери. Мислам дека добро ќе се вклопиме во системот на селекторот, па ќе видиме ќе покажат резултатите“.
Околу силината на противниците…
„Сеуште ја немаме анализирано играта на противниците. Но, знаеме дека се работи за доста квалитетни селекции, особено Унгарија. Но, реков, ќе дадеме се од себе, и се надеваме на победи, на четири победи“ – доста оптимистички делува младиот бек пред она што следува во текот на август – претквалификациите и дуелите со Унгарија и со Романија.