Тиквеш на подготовки во Болу со Кристијан Ѓорѓиевски

602

Екипата на Тиквеш е веќе во Турција, каде што ќе го одработи главниот дел од подготовките летово. Тренерот Ѓорѓи Мојсов ја поведе четата во најважниот дел од работата ова лето, со желба и намера овие подготовки да бидат претходница на нешто квалитетно следната ПМФЛ сезона.

Новите сопственици на Тиквеш, сериозно се зафатија со планот да го подигнат клубот на едно сосема поинакво ниво, а тоа нормално бара пред се квалитетни подготовки.

Кавадарчани со себе во Турција, ги понесоа сите свои нови засилувања, а тука пред се се мисли и на 18. годишниот Кристијан Ѓорѓиевски екс играчот на Гостивар и У18 младински репрезентативец на Македонија. Тој е најновата аквизиција на Кавадарчани, кои го доведоа играчот за врска како големо засилување во доменот на У21 играч за претстојната ПМФЛ сезона.

 

ПретходноХит Горица паднала на денешен ден, 17. јули е таличен за Вардар на гости
СледноТНС со поплака: Имаше расистички извици кон нашиот Арамид Отех