Хит Горица паднала на денешен ден, 17. јули е таличен за Вардар на гости

137

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар вечерва од 21:00 часот на стадионот во Сан Марино го ихгра реванш дуелот од првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции против домашниот тим на Ла Фиорита.

Предноста од Скопје која Вардар ја донесе овдека, е со три гола, што вели дека нашиот претставник е со едната нога во второто коло, каде што чека швајцарска Лозана.

Сепак, никој во таборот на Вардар не ни помислува на опуштање, напротив, вечерва се оди максимално.

Од друга страна, Вардар има своја долга и на моменти доста успешна историја во Европските купови. Истата датира уште од шеесеттите  години на минатиот век. Имало добри резултати, имало и неупешни епизоди, но Вардар секогаш што се вели бил оној врз кој што се базирале нештата кога станува збор за македонскиот фудбал надвор од нашоте граници.

Па така, Вардар на 22.08.1995 ја има првата гостинска победа во Европските купови на било кој тим од Македонија, кога обезбеди триумф од 0:2, против тимот на Самтредија во Грузија, но поинтересен е фактот што токму на денешен ден, 17.07.1996, во Нова Горица, Словенија, Хит Горица во рамките на Купот на УЕФА, Вардар обезбеди триумф од 0:1. Факт што вели дека овој датум, термин, му е таличен на „црвено – црниот“ состав кога станува збор за гостувањата во Европски рамки. Во тој состав на Вардар тогаш се појавија, Зекир, Караџов, Станиќ, Марковски, Станковски, Јовановски, Јакимовски, Петрески, Шаќири, Трајчев……

 

ПретходноИлиевски дополнително ги повика Ташовски и Стојановски
СледноТиквеш на подготовки во Болу со Кристијан Ѓорѓиевски