ЕХФ Европска лига: Вардар против Кристијанштад, Тулуз…, Алкалоид ако ги мине Хановер, во група со Фредериција, Татран…

136

Денеска во Виена се одржа ждрепката за групната фаза во ЕХФ Европската лига за сезоната 2025/26. Вардар се падна во групата Ф, и ќе игра со Кристијанштад (Шведска), Тулуз (Франција) и победникот од квалификацискиот дуел меѓу Дуго Село и Сесвете.

Алкалоид, секако ако го мине Хановер, ќе игра во групната фаза во Европската лига и тоа во групата Г заедно со Фредериција (Данска), Татран (Словачка) како и победникот од квалификацискиот меч меѓу Савехов и Малме.

Натпреварите во групната фаза во вториот по ранг европско ракометно натпреварување ќе започнат на 14 октомври а ќе завршат на 2 декември.

ПретходноРеал Мадрид ги прекинал преговорите со Вини за нов договор!
СледноМагдевски: Нема да се предадеме, очекувам да бидеме потценети – тоа ќе биде нашата шанса!