Ограбен домот на поранешниот претседател на УЕФА

121

Домот на некогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини бил ограбен утрово во градот Касиса. Според тв-станицата РТЛ, поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и  репрезентативец на Франција се разбудил во 5:30 часот наутро во својот дом во Касиса откако слушнал звуци во градината. Гледајќи низ прозорецот, забележал човек во црно со качулка, кој веднаш избегал.

Откако го прегледал домот, Платини открил дека се украдени трофеи, пехари и медали складирани во посебен дел од куќата. Според информациите, украдени се околу дваесет предмети.

Вкупната штета сè уште не е проценета.

ПретходноПознат „возниот ред“: Вардар ќе почне и ќе заврши во своја сала
СледноВардар со Седлоски не знае за пораз 152 дена (ФОТО)