Промоција: Струга ТЛ се пофали со дефанзивец од Грција! (ФОТО)

192
ФОТО:FC Struga TL/FB

Киријакос Мазулуксис е најновото засилување во Струга Трим Лум во пресрет на новата сезона, 2025/26. 28-годишникот има богато искуство во грчкиот фудбал, играјќи и во Супер лигата.
Мазулуксис доаѓа во Струга Трим Лум како слободен агент, откако му заврши договорот со Паниониос. Ова беше неговиот последен клуб, пред да игра и за тимови како АЕ Кифисијас, ПАЕ Ксантија, ПАС Ламија, Ерготелис и Арис. Тимот од Солун беше неговиот прв тим, со кој го потпиша својот прв професионален договор, додека ова ќе биде втор пат да игра надвор од Грција, по кратката авантура што ја имаше со познатиот белгиски тим Лирс.


Природната позиција на Мазулуксис е централен бек, но може да игра и на десната страна од одбраната, а исто така и како последен играч од средниот ред кој ја поврзува одбраната со средниот ред.
Со Мазулуксис потпишан е едногодишен договор, со можност за продолжување за уште две години.

ПретходноМагдевски: Нема да се предадеме, очекувам да бидеме потценети – тоа ќе биде нашата шанса!
СледноПродолжува “циркусот“ во ФЦСБ: Бекали се закани дека против Шкендија ќе игра вториот тим!