Валмир Какруки: Секоја укажана шанса мора да се искористи максимално!

48
ФОТО: KFSM.MK

Валмир Какруки ова лето дочека нов професионален договор, го доби од еден од најдобрите клубови во Косово, Сигал Приштина.

Но што е веројатно и уште подобро за неговата кариера, и повик од Марјан Илиевски, селекторот на македонската сениорска репрезентација на Македонија, да биде дел од подготовките за настап во претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Овојпат навистина ќе бидеме малку помлади, нема дел од искусните играчи Меѓутоа, јас сум среќен што добив повик од селекторот. Сум во онаа група на помладите, но ќе дадам се од себе, и јас и соиграчите, и мислам дека ќе бидеме победници во овие натпревари и дека ќе одиме понатаму“.

Силното крило вели дека секоја укажана прилика треба да се (ис) користи максимално…

Мислам дека имаме доста добри, доста талентирани играчи, и зошто да не, штом ни се дава ваква шанса треба да ја искористиме. И дека имаме шанси за успех. И Македонија да оди понатаму, на повисоко ниво, на Европско или Светско првенство“.

Вели дека имаме доста време да бидеме доволно подготвени за предизвиците кои ги носи августовскиот ФИБА „прозорец“ односно средбите со Романија и со Унгарија.

Кога станува збор за противниците, тоа се добри репрезентации, но ние имаме доста време за подготовки, скоро месец дена, во кои верувам дека добро ќе се подготвиме, и на крај, секако дека ќе победиме“– посакува Какруки.

ПретходноСениорките на 23 јули ќе ги дознаат противниците во квалификациите за ЕП 2027!
СледноАко ја мине Лозана: Вардар во 3.коло може да налета на Хајдук, Партизан, Јагелонија, Марибор…