Вербомен од Белгија ќе суди на мечот Шкендија – ФЦСБ во Скопје!

81
ФОТО: Nathan Verboomen/X

Покрај тоа што се познати термините на одигрување на двомечот од 2.квалификациско коло во ЛШ меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа), познато е и кој ќе ја дели правдата на првиот меч во Скопје.

За главен судија одреден е Нејтан Вербомен од Белгија. Додека негови помошници ќе бидат Матијас Хиларт, Рубен Винс и Весли Де Кремер.

Додека во ВАР собата ќе бидат исто така од Белгија.

Да потсетиме дека овој меч се игра на 22 јули (вторник) на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот, додека реваншот се игра во Букурешт на стадионот “Стеауа“ на 30 јули (среда) со почеток од 19:30 часот.

ПретходноМакедонија ќе ја претставуваат рекорден број млади спортисти на ЕМОФ Скопје 2025!
СледноСениорките на 23 јули ќе ги дознаат противниците во квалификациите за ЕП 2027!