Продолжи „црвено – црната“ серија: Вардар и Седлоски дваесет меча во серија без пораз

148

СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски

Мина уште еден меч, и уште еднаш екипата на Вардар остана непоразена. Нанижан уште еден меч во серијата која трае од 16 февруари, откако последен пат тимот на Вардар загуби.

Синоќа „црвено – црната“ чета одигра реми во реванш дуелот од првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции, 2:2, против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, и со тоа оствари со вкупните 2:5, пласман во следната фаза каде што противник е тимот на Лозана од Швајцарија.

Вардар цели пет месеци не знае за неуспех на официјални мечеви, или во точни бројки, двеесет меча, од кои 13 победи и седум нерешени средби.

Подвиг кој што секако оди на конто на одличните игри во пролетниот дел од изминатата сезона во ПМФЛ шампионатот, и секако Купот на Македонија, како и еве сега и на интернационална сцена.

Следува двомечот со Лозана, на 24. односно 31. јули, во кој Вардар секако дека ќе се обиде оваа серија да ја продолжи и ќе стори се ова европско лето за него да трае што подолго.

ПретходноЕдиз Спахиу: Најважно е да извлечеме поука од вечерашниот меч!
СледноДурански во Сан Марино прослави 34. години (ВИДЕО)