Работнички порача: Од искуството во Европа се учи многу

74

Тимот на Работнички ги заврши евро настапите ова лето. Во првото квалификациско коло од Лигата на Конференции, „Романтичарите“ вчера и официјално испаднаа од конуренцијата со вкупниот пораз од 4:0 против тимот на Торпедо од Белорусија.

За Работнички секако дека ова е само еден плус повеќе во насока на искуството и собирање што е можно повеќе минутажа на високо ниво. Младата екипа секако дека има потреба од такво нешто, за да домашниот ПМФЛ шампионато изгледа полесно.

„Од искуството во Европа се учи многу“ – порача Работнички пред малку преку социјалните мрежи, потврдувајќи ја токму оваа констатација. Дека секој излез во Европа колку и да кратко трае носи добри неша кои мора да се искористат во периодот кој што следува на вистинскиот начин.

ПретходноМирсад Мариќ ќе „стрела“ за МЃП
СледноШкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со ФЦСБ!