Во Дојран од 30 јуни до 5 јули се одржа тренинг камп за фудбалери со Даунов Синдром и лесна попреченост од ФК Карпошово. Тренинг кампот беше овозможен од страна на ФФМ и УЕФА фондацијата за деца.
Фудбалерите предводени од искусни тренери активно учествуваа во секојдневните тренинг активности во теретана, фудбал во сала и пливање во базен.
Тренинг камповите од овој тип освен тоа што позитивно влијаат на телесна и психичката благосостојба на фудбалерите, придонесуваат за создавање на поинклузивна фудбалска средина во која секој може да се учествува и да се реализира согласно своите способности.
Голем придонес и позитивна рекција за тренинг кампот, имаше и од семејствата на фудбалерите кои го поддржуваат секој самостоен чекор на своите фудбалери.
Фудбалот повторно беше многу повеќе од игра, тој беше поле каде што се стекнуваат животни вештини кои потоа се применуваат во секојдневниот живот.