Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со ФЦСБ!

133
ФОТО: KF Skendija/FB

Како што информираат од раководството на Шкендија, од утринава се пуштени во продажба билетите за мечот со ФЦСБ и тоа по цена од 300 денари.

Инаку овој меч се игра во вторник (22 јули) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот во рамките на 2.квалификациско коло во ЛШ.

Истите можат да се купат онлајн преку мрежата mktickets.mk почнувајќи од денес (петок, 18 јули) и во КАНЦЕЛАРИИТЕ на КФ Шкендија во центарот на Тетово. На денот на натпреварот, тие ќе се продаваат на билетарницата на стадионот „Тодор Проески“ во Македонија.

ПретходноРаботнички порача: Од искуството во Европа се учи многу
СледноМанчестер Сити потпиша со тинејџер од Розенборг