„Дејли Рекордс“ денеска пишува дека шкотски Данди Јунајтед се обидува да го доведе играчот од средниот ред на Брера Струмица, Мартин Ѓорѓиевски.
Менаџерот на шкотскиот тим Џим Гудвин веќе донесе седум нови фудбалери во тимот пред првиот квалификациски натпревар од Конференциската лига против луксембуршкиот УНА Штрасен следниот четврток, но се обидува да донесе уште еден македонски фудбалер.
Ѓоргиевски е во преговори за трансфер во Данди Ј. каде што веќе настапува нашиот репрезентативец Кристијан Трапановски.