Уште една позитивна вест за стручниот стожер на нашата машка сениорска репрезентација. Адем Мекиќ од денеска му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски.
Изутрината, искусното репрезентативно крило ги „помина“ лекарските прегледи во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, допатува во Гевгелија, и веднаш „влезе“ во тренажниот процес на „црвено-жолтите“.
„Поради претходно договорените обврски не бев во ситуација да бидам со тимот од првиот ден. Но подготвен сум, знам што се очекува од нас. Прво да ја ‘поминеме’ оваа главна фаза од подготовките, потоа ќе размислуваме за противниците во претквалификациите. Ќе имаме и две контролни средби тука, против Швајцарија, кои ќе ни бидат еден од показателите до каде сме во пресрет на дуелите со Романија и со Унгарија“– потенцираше Мекиќ по пристигнувањето во Гевгелија.