Младинките поразени и од Португалија, ќе играат за 23-то место!

36
Фото: РФМ

Македонската младинска женска репрезентација ќе игра за 23-то место на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. За противник на последниот меч ќе го има тимот на Литванија, против кого успеа да освои бод.

Избраничките на Симе Симовски одиграа неизвесен натпревар против Португалија, во првото полуврме имаа и водство од четири гола, но на крајот не успеаја да дојдат до победа, беа поразени со 28-29.

Мечот го отворија со 5-1, водеа и со 6-2. Но, противникот одговори и успеа да израмни на 6-6. Македонија на одморот замина со два гола предност (13-11), а веќе во следниот период следеше изедначена битка. Португалија со серија од 4-0 го врати водството 21-22 и истото не го испушти до самиот крај.

Миленкоска со шест гола беше прв стрелец, зад неа со пет погодоци беа Конеска и Беровиќ.

Претходно„Дејли Рекордс“: Данди Ј. преговара со Мартин Ѓорѓиевски
СледноНемања Здравковиќ е ново засилување на Пелистер