Централниот дефанзивец Немања Здравковиќ е нов фудбалер на Пелистер. Тој потпиша договор на една сезона со битолскиот тим и според информациите веднаш му се ставил на располагање на тренерот Димитар Капинковски.
Станува збор за фудбалер кој има 32 години и во Пелистер од Дубочица. Низ својата кариера Здравковиќ играл уште за Металац, Раднички, Напредок и во Литванија.