Познат „возниот ред“: Вардар ќе почне и ќе заврши во своја сала

133

По денешната ждрепка во ЕХФ во која беа одредени групите за новата сезона во ЕХФ Европската лига, веќе стана познат и комплетниот рапоред на натпреварите. Нашиот претставник, екипата на Вардар, се дел од групата „Ф“ и ќе играат против Кристјанстад, Тулуз и победникот од дуелот на хрватските тимови Дуго Село и Сесвете.

Според првичниот распоред Вардар почнува на домашен терен против екипата на Дуго Село или Сесвете на 14 октомври. Потоа ќе следува прво гостување кај Тулуз во Франција, а во ноември домашен меч со Кристијанстад и гостувања во Шведска и Хрватска.

За крај е дуелот во Скопје против Тулуз.

Распоред на натпревари – група „Ф“:

14.10.2025 Вардар – Дуго село/Сесвете

21.10.2025 Тулуз – Вардар

11.11.2025 Вардар – Кристијанстад

18.11.2025 Кристјанстад – Вардар

25.11.2025 Дуго Село/Сесвете – Вардар

02.12.2025 Вардар – Тулуз

Претходно„Билд“: Баерн и Луис Диаз се договорија, се чека на Ливерпул
СледноОграбен домот на поранешниот претседател на УЕФА