Само Енцо Фернандес може да се пофали дека е важечки светски првак и со клубот и со репрезентацијата!

66
ФОТО: Chelsea FC/FB

Само Енцо Фернандес и никој друг во светскиот фудбал. Имено само играчот за врска на Челзи и селекцијата на Аргентина може да се пофали дека е светски првак и со својот клуб и со својата репрезентација.

Познато е дека во Катар 2022 година на последниот Мундијал, Енцо со Лео Меси и другарите, станаа светски прваци со Аргентина. Пред неколку дена Челзи, се разбира со Енцо во тимот, стана светски првак на Светското клупско првенство.

Инаку Енцо Фернандес важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот на фудбалот во овој момент, без него не може да се замисли ни стартниот состав на Аргентина а уште помалку стартниот состав на Челзи.

ПретходноАВСТРИСКА ВЕЧЕР НА ОХРИДСКО ЛЕТО-ПОДДРЖАНА ОД КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА
СледноМинистерот за спорт Борко Ристовски им посака среќа на кошаркарите (ФОТО+ВИДЕО)