Швајцарците го претставија новиот дрес со кој ќе играат и против Вардар (ФОТО)

101

Следниот противник на Вардар во Конференциската лига, Лозана-Спорт, денеска и официјално го промовираше својот нов дрес за следната сезона. Според клубското соопштение,. Новиот дрес на Лозана е правен со големо внимание на деталите во соработка со компанијата Макрон.

Првиот дрес на тимот е со брилијантна бела боја со хоризонтална сина лента, инспириран од минатогодишниот дрес што го врати клубот на европската сцена. Истиот е со поло јака со копчиња напред, структурираните манжетни, везена бројка „1896“ и релјефни логоа на ткаенината.

На двете страни има и две суптилни ленти во боја, црвена за градот Лозана и зелена за кантонот Вад. Лозана своето деби со новиот дрес се очекува да го има на мечот токму со Вардар.

ПретходноБеше непосакуван меѓу фановите, но Арсенал сепак го потпиша
СледноМакедонија Ѓ.П потпиша централен бек од Србија