Пелистер одигра без голови со Трајал Крушевац

188

Тимот на Пелистер денеска во рамките од овогодинешните летни подготовски одигра пријателски меч против тимот на Трајал од Крушевац, Србија.

Истиот заврши без голови 0:0, а воедно ова беше втора контрола за битолчани летово. Првиот меч беше одигран против екипата на Струга Трим Лум.

Пелистер летово не направи премногу промени во ростерот, но тргна со нов тренер. Димитар Капинковски е шефот кој ќе го води битолскиот состав во следната ПМФЛ сезона, а ќе видиме какви резултати ќе се постигнат.

 

 

ПретходноТиквеш со триумф над Анталијаспор
СледноКога виде кој број го има на дресот заплака од радост!(ВИДЕО)