И онака Барселона имаше супер напад, доказ се сите тие силни голови од минатата сезона, ама со доаѓањето на Маркус Рашфорд и Рони Барџи, каталонската гордост сега има СТРАШЕН напад.
Ханси Флик може да биде задоволен, има во тимот таков напаѓачки потенцијал кој го нема ниту еден клуб во светот, а посебно не архи – ривалот Реал Мадрид.
Ламине Јамал и Рони Барџи по десната крилна страна, тука се Роберт Левандовски и Феран Торес во самиот шпиц, Рафиња и Маркус Рашфорд по левата офанзивна страна, а тука секако дека е Дани Олмо.
Ова е неверојатно, ова е навистина фантастично за сите фанови на Барселона.
Секако дека и средниот ред е страшен, тука се Гави, Педри, Де Јонг, Касадо и останатите, да не говориме за дефанзивата и голманите, веројатно ќе треба да се донесе уште еден дефанзицец за да тимот на Флик и дефинитивно на сите противници во Ла Лига и во ЛШ и влее страв во коски.