Некогашниот шампион на Македонија, тимот на Шкупи од Скопје има нов генерален директор.
Тоа е Флорим Муча. Клубот и официјално се пофали со оваа информација предмалку, најавувајќи со Муча подобри денови од кои што клубот ги живее во моментов.
А тоа е во прв ред забрана за трансфери директно од УЕФА поради долгови, револт на навивачката група „Шверцери“ и нивно прекинување на денешниот тренинг на тимот, и целосна неизвесност што ќе се случува понатаму со Шкупи.
Управата еве прави напори со носење на нови луѓе во клубот, како генерален и спортски директор, а ќе видиме колку тоа ќе вроди со плод до стартот на новиот шампионат.