Вардар ги запали „турбините“ за дуелите со Лозана!

380

Нема одмор за екипата на Вардар, единствениот македонски тим кој продолжува во квалификациите во рамките на Конференциската лига. Избраниците на Гоце Седлоски доцна синоќа се вратија од Сан Марино каде завершија место во следното коло во ова натпреварување каде за противник ќе го имаат тимот на Лозана.

Првиот натпревар „црвено-црните“ го играат на 24 јули (четврток) на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:30 часот, додека реваншот се игра на 31 јули (четврток) на стадионот “Тулиер“ во Лозана, и тоа со почеток од 20:15 часот.

Фудбалерите на Вардар во второто квалификациско коло се пласираа со вкупно 5-2 и на овој начин ја продолжи серијата на мечеви без пораз.

Гоце Седлоски е 152 дена без претрпен пораз на клупата на освојувачот на Купот на Македонија. Последен пат Вардар загуби на 16 февруари. Вардар цели пет месеци не знае за неуспех на официјални мечеви, или во точни бројки, 20 меча, од кои 13 победи и седум нерешени средби.

ПретходноМакедонија убедливо ја совлада Албанија
СледноСудии од Чешка на дуелот Вардар – Лозана во Скопје!