Вардар платил 30.000 евра отштета за Чупиќ!

234

Како што пренесува хрватскиот портал 24сата.хр, Вардар за да го добие Иван Чупиќ за тренер, морал да му исплати на Метковиќ отштета од цели 30.000 евра.

Да потсетиме дека ова лето Вардар успеа да го доведе легендарниот Хрват, кој е играчка легенда и на “црвено – црните“, на тренерската клупа, но на промоцијата не беше кажано дека Вардар ја исплатил таа сума.

Имено познато е дека Чупиќ во тоа време беше под договор со Метковиќ, но потоа стигнала поканата од првиот човек на вардарци, Михајло Михајловски, токму тој да ја преземе тренерската палка и Чупиќ воопшто не се двоумел и веднаш дошол во Скопје.

ПретходноЕМОФ Скопје 2025 ќе биде отворен во недела со парада на спортски делегации и сценско-музички спектакл
СледноШкендија да внимава: ФЦСБ (Стеауа) против македонски клубови знае само за победи!